Супер за со пиво: Домашен чипс од кашкавал
Понекогаш едноставните работи се и најубавите работи токму заради својата едноставност.
Токму таков е и овој рецепт, составен од само три состојки за чие подготвување ќе ви бидат потребни само 10 минути.
Одлични крекери кои совршено ќе одговараат со пиво, сос и добри пријатели.
Состојки:
- Пармезан или кашкавал по желба, рендан
- Лук во прав
- Свеж босилек, ситно исечкан
Начин на подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 190 степени. Обложете го плехот за печење со хартија.
2. Ставете по една лажица кашкавал, па распоредете го во мал круг, наросувајќи на него лук во прав и сечкан босилек.
3. Печете 5-8 минути или додека рабовите не станат златно-жолти. Изведете ги од рерна, оставете да се оладат, мацнете во сос и уживајте во вкусот.
Garlic Basil Parmesan CrispsGarlic Basil Parmesan CrispsFull Recipe: http://bit.ly/1pX7WTM
Posted by Tip Hero on Sunday, April 3, 2016
М. С. | Црнобело