Посен десерт: Колач медено срце

Уште еден рецепт во кој ќе можете да уживате за време на постите.

posen-desert-kolac-medeno-srce-01.jpg

Богатиот вкус на црното чоколадо и мармаладот ќе ги разбудат сите ваши сетила и ќе сакате парче повеќе само за себе.

Состојки:

  • 250ml минерална вода
  • 120ml масло
  • 200g кафеав шеќер
  • 1 лажица мармалад од кајсија
  • 250g брашно
  • 3 лажици какао
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 1 лажичка цимет

За премачкување на колачот:

  • 3 лажици мармалад од кајсија

Глазура:

  • 100g темно чоколадо
  • 2 лажици масло

Подготовка:

Во поголем сад ставете ја минералната вода, маслото, шеќерот и една лажица мармалад.

Во посебен сад измешајте ги брашното, какаото, сода бикарбоната и циметот и додадете ја течната смеса.

Мешајте со миксер додека не добиете хомогена смеса без грутки.

Турете ја смесата во подмачкан сад за печење со големина околу 25 х 25cm и печете 25 минути во загреана рерна на температура од 200°C.

Додека колачот е жежок премачкајте го со мармалад.

posen-desert-kolac-medeno-srce-02.jpg

На тивок оган стопете го чоколадото со 2 лажици масло и со тоа премачкајте колачот.

Забелешка: За сите оние кои не постат, чоколадната глазура можете да ја направите и така што наместо 2 лажици масло ќе ставите 3 лажици слатка павлака.

posen-desert-kolac-medeno-srce-03.jpg

posen-desert-kolac-medeno-srce-04.jpg

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за здрав протеински леб со овесни снегулки и семиња Ако сакате да се храните здраво тоа не значи дека по секоја цена треба да го исф...
Предлог за викенд ручек: Вкусни вегетаријански лазањи со два вида сос Денес ви прикажуваме еден рецепт за лазањи со два вида сос кои, ако ги приг...
Кремаст чизкејк со кокос, без печење Во потрага сте по брз десерт кој ќе го подготвите за гости или за своја душа? Чи...
Викенд рецепт: Сочно пилешко месо и зеленчук, како од ресторан Како да подготвите цела кокошка, но без месото одвнатре да биде суво и жилаво? С...
Рецепт за колач со кокос и плазма, без печење Овој брз десерт без печење им успева на сите, дури и на оние што не ги „бива“ во...
Пролетен појадок за слабеење: Розов чиа пудинг со јагоди, банани и овес Ако и вие сте од оние на кои им се чини дека чиа пудингот не ги заситува доволно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg