Посен ручек кој ќе го поделите со пријателите: Крцкави рози од компир

Полека, но сигурно се наближува Велигден, а дотогаш веројатно сте се одлучиле да постите, па компирите и оризот ви се главен извор на полнење на стомакот.

posen-rucek-koj-kje-go-podelite-so-prijatelite-rozi-od-kompiri-1.jpg

Имаме интересен рецепт за печење на компири со кои не само што ќе бидат вкусни, туку и ќе ви изгледаат убаво.

Веројатно ќе сакате да ги послужите секојпат кога ќе имате гости.

Потребни состојки:

  • Еден компир
  • Маслиново масло
  • Сол и бибер по желба

Подготовка:

Процесот на подготвување на розите од компири е едноставен.

Еден компир ви е доволен. Исечкајте го на тенки парчиња.

posen-rucek-koj-kje-go-podelite-so-prijatelite-rozi-od-kompiri-2.jpg

Парчињата наредете ги во една линија, едно по друго.

posen-rucek-koj-kje-go-podelite-so-prijatelite-rozi-od-kompiri-3.jpg

Потоа започнете да ги ролате во круг.

posen-rucek-koj-kje-go-podelite-so-prijatelite-rozi-od-kompiri-4.jpg

Откако ќе завршите со навртувањето на ситно сечканите парчиња компир, на крај ќе добиете роза.

posen-rucek-koj-kje-go-podelite-so-prijatelite-rozi-od-kompiri-5.jpg

Подготвените рози наредете ги во плех за печење на мафини, посолете ги и ставете бибер и други зачини по желба.

posen-rucek-koj-kje-go-podelite-so-prijatelite-rozi-od-kompiri-6.jpg

Печете ги на претходно загреана рерна на 180 степени 30-на минути или барем додека не забележите дека добиле златно жолта боја.

posen-rucek-koj-kje-go-podelite-so-prijatelite-rozi-od-kompiri-7.jpg

posen-rucek-koj-kje-go-podelite-so-prijatelite-rozi-od-kompiri-8.jpg

На здравје!

posen-rucek-koj-kje-go-podelite-so-prijatelite-rozi-od-kompiri-9.jpg

Истото можете да го направите и со едно јаболко, од него да направите интересен посен десерт.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за здрав протеински леб со овесни снегулки и семиња Ако сакате да се храните здраво тоа не значи дека по секоја цена треба да го исф...
Рецепт за посна салата од компири со прелив од кари Компирите честопати се дел од нашето мени, без разлика дали е за ручек, како сал...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Викенд ручек: Сочни шпагети со грчки ќофтиња, во црвен сос Овој превкусен рецепт е комбинација од италијанската и грчката кујна... Дали би ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg