Нутела суфле кое се топи во уста
Знаеме, звучи како да треба да сте професионален готвач за рецептот да ви успее, но по видеото ќе се зачудите од леснотијата и ќе се покаете што досега не сте се обиделе да го направите ова чоколадно суфле.
Состојките сигурно веќе ги имате дома, па затоа не чекајте, туку испробајте го веднаш.
Ќе ви одземе околу 20 минути време, а ќе добиете десерт кој се топи во уста.
Состојки за 2 колачиња:
- ½ шолја Нутела
- 2 јајца
- 1 лажичка шеќер
- Путер
- Какао во прав
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 190-200 степени.
Во стаклен сад измиксирајте ги жолчките од јајцата со Нутелата. Во друг стаклен сад измиксирајте снег од белките и 1 лажичка шеќер.
Белките постепено додавајте ги во чоколадната смеса од крем и жолчки. Треба да добиете мазна смеса без грутки.
Калапите за печење премачкајте ги со путер и ставете половина лажичка какао за да го спречите лепењето.
Поделете ја смесата и печете 15-17 минути.
Крајниот резултат е повкусен отколку што замислувавте:
М. Д. | Црнобело