Посен ручек: Крцкави ослич филети со сочен зеленчук

Ручекот направен од зеленчук и риба, е одличен за време на постите бидејќи во најголем дел користи минимална количина масло а нуди здрав оброк кој ќе ве засити.

Ideja-za-posen-rucek-od-riba-i-zelencuk-01

Посните ручеци главно се состојат од мешавина од тиквички, комбинација од морков, грашок и компири и салата.

Ви нудиме идеја за посен ручек кој можете да го подготвите уште денес:

Состојки:

  • 1 поголема тиквичка
  • 2 моркови
  • 2 компири
  • 1 поголем кромид
  • 1 лажица Вегета
  • 50 мл. масло
  •  ½ лажица мелен бибер
  • 1 лажица брашно

Начин на подготовка:

Ситно исечкајте го кромидот, па динстајте го кратко време на маслото додавајќи малку вода.

Додадете ги сечканите морковите и компирот, налејте вода да ги прекрие, додајте го сувиот зачин и оставете да се готват.

Кога ќе бидат полу сварени додадете ја тиквичката исечкана на коцки.

Додајте уште вода, сè да биде прекриено, додадете бибер и оставете да се вари.

Кога сите состојки ќе се сварат, додадете вода, за сè да остане сочно. Брашното промешајте го со малку вода и додадете го во тенџерето. 

Оставете да се вари уште пет минути и тргнете од оган.

По желба зачинете со копар и магдонос.

Откако го подготвивте зеленчукот, преминете на рибата.

Состојки:

  • 1 кг. филети ослич
  • сол
  • 2 лажици брашно
  • 3 лажици лебни трошки
  • 2 лажици сусам
  • магдонос

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Подмачкајте плех за печење.

Филетите одмрзнете ги, исушете ги, исечете ги и посолете ги.

Секое парче извалкајте го во комбинација од брашно, лебни трошки, сусам и магдонос.

Наредете ги во плех за печење и печете околу 1 час.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Највкусните мини панцероти со корнфлекс - крцкави однадвор без пржење Мини панцероти кои крцкаат однадвор, а се топат одвнатре - се прават со тост леп...
Рецепт за пита со јаболка како од McDonald’s Доволно е да прочитате „пита со јаболка од McDonald’s“ и веднаш во устата да го ...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за баклава со бадеми и суво грозје (може да ја правите и во посна варијанта) Погледнете еден поинаков рецепт за баклава кој може да го правите и во посните, ...
Рецепт за колачиња од ѓумбир, што се печат и во Air Fryer Како да ги подготвите омилените колачиња со ѓумбир, што се застапени речиси во с...
Викенд ручек: Сочни шпагети со грчки ќофтиња, во црвен сос Овој превкусен рецепт е комбинација од италијанската и грчката кујна... Дали би ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg