Посни десерти кои мора да ги пробате

Месец април за многумина е во знакот на Велигденските пости, па ако се одлучивте да постите, а сепак сакате да уживате во некој десерт, можете да се соочите со голем проблем - што да одберете?

5-posni-recepti-koi-morate-da-gi-probate-001.jpg

Ако немате никаква идеја какви вкусни, а посни десерти можете да направите:

Посен меден колач

Потребни состојки:

  • 300g шеќер
  • Малку сода бикарбона
  • 50g мелени ореви
  • Каранфилче и цимет
  • 200g брашно
  • Сок и кора од лимон
  • 2 лажици мед
  • Екстракт од ванила


Подготовка:

1. Во сад ставете ги сите состојки, заедно измешајте ги додека не добиете компактна смеса и оставете ги половина час да отстојат.

2. Во загреана рерна на 180 степени печете го претходно подготвеното тесто околу половина час или додека не добие златно жолта боја.

5-posni-recepti-koi-morate-da-gi-probate-1.jpg


Посни штангли од лешник

Потребни состојки:

  • 250g шеќер
  • 100g суво грозје
  • Сок од половина лимон
  • 250g мелени лешници
  • 100g смокви
  • 250g сушено јужно овошје (ананас, урни...)
  • Топено чоколадо по желба


Подготовка:

1. Шеќерот ставете го во сад за готвење и налејте вода за да направите шербет.

2. Во зготвениот сируп додадете ги лешниците, сувото грозје и ситно сечканите смокви.

3. Помешајте сè добро и понатаму продолжете да готвите на средна температура.

4. На плотната наросете шеќер и ставете ја зготвената маса.

5. Тестото поделете го на два дела и оставете го да се олади.

6. Едниот дел од тестото премачкајте го со сокот од лимон и наросете го јужното овошје.

7. Останатиот дел од тестото ставете го како втор слој горе, над овошјето.

8. Тестото прелијте го со стопено чоколадо, а откако ќе се олади, пресечете го на штангли.

5-posni-recepti-koi-morate-da-gi-probate-2.jpg


Бомбици од ориз, бадеми и лешници

Потребни состојки:

  • 200g интегрален ориз
  • 50g шеќер во прав
  • 100g печени лешници
  • 100g суво грозје
  • 50g печени бадеми
  • Сок од портокал
  • Екстракт од рум
  • 3 лажици кокосово брашно


Подготовка:

1. Оризот сварете го и добро оладете го.

2. Во него додадете ги печените лешници, бадеми, сувото грозје, сокот од портокал и екстрактот од рум.

3. Добро измешајте ги состојките додека не добиете компактна смеса и од нив правете топчиња.

4. Топчињата тријте ги во кокосовото брашно.

5-posni-recepti-koi-morate-da-gi-probate-3.jpg


Посни лешник бајадери

Потребни состојки:

  • 400g маргарин
  • 10 лажици вода
  • 400g шеќер во прав
  • 400g мелен посен кекс
  • 400g мелени лешници
  • 100g чоколадо за готвење


Подготовка:

1. Сите состојки, освен чоколадото, измешајте ги за добро да се соединат.

2. Добиената смеса поделете ја на два еднакви делови и оставете ги да отстојат најмалку два часа во фрижидер.

3. Во едната додадете го растопеното чоколадо за готвење и мешајте додека не добиете компактна смеса.

4. Во четвртаст сад наредете еден слој од смесата со чоколадо, потоа целата смеса без чоколадо и уште еден слој со чоколадо.

5. По желба, можете да додадете и слој топено чоколадо.

5-posni-recepti-koi-morate-da-gi-probate-4.jpg


Посни ванилици

Потребни состојки:

  • 200g ореви
  • 250g шеќер
  • 150g брашно
  • Шеќер во прав
  • Масло
  • Џем


Подготовка:

1. Промешајте ги мелените ореви, шеќерот, брашното и масло по желба.

2. Добро мешајте додека состојките не се соединат и со мала чаша вадете мали парчиња од тестото.

3. Наредете ги во плех и печете ги на средна температура додека отприлика 20 минути додека не добијат боја.

4. Парчињата спојувајте ги со џемот и на нив наросете од шеќерот во прав.

5-posni-recepti-koi-morate-da-gi-probate-5.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за нудли со сусам и лук, совршен брз ручек за постите Гладни сте и сакате да јадете нешто топло, но да го подготвите набрзина? За овој...
Путер колачиња во вид на бастунче: Лесен рецепт за празничните денови За подготовка на овој рецепт ви се потребни едноставни состојки, а ово...
Сочна паста со шери домати и фета сирење, во Air Fryer Паста е секогаш одлична идеја, без оглед дали сакате макарони, шпагети или орзо....
Рецепт за сочна торта со зрели банани и киви Ако и вие сте љубители на слаткиот мирис и вкус на бананата, тогаш вреди да го п...
Француски рецепт за ролнички со јаболка, ф’стак и цимет Едноставен рецепт за превкусни француски ролнички со јаболка, цимет и ф’стаци, н...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg