Колач земјотрес – интересно име и уште поинтересен вкус

Колачот го добил своето име бидејќи состојките се мешаат слично како што се мешаат слоевите во Земјата за време на земјотрес.

Kolac-Zemjotres-interesno-ime-i-uste-pointeresen-vkus-01

Вистинскиот „земјотрес“ од вкусови и интересниот изглед се работите кои ќе ве натераат да го направите овој колач не само еднаш туку повеќепати. 

Потребни состојки:

  • 225g кокос
  • 110g сецкани ореви
  • 500g мешавина за лава колач
  • 3 јајца
  • 355ml вода
  • 118ml масло
  • 225ml маскарпоне
  • 170g путер
  • 455g шеќер во прав
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 225g темно чоколадо на ситни коцки


Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 180°C. Премачкајте го плехот со димензии 9х13cm со путер.

2. Истурете го кокосот во плехот така што рамномерно ќе го распределите, а потоа додадете ги оревите.

3. Во поголем сад за матење, ставете ја смесата за лава колач, јајцата, водата и маслото и мешајте додека не добиете хомогена смеса.

4. Истурете ја смесата врз слојот кокос и ореви.

5. На средна температура стопете го путерот и маскарпонето и додадете го во сад заедно со шеќерот во прав и мешајте со рака или миксер додека не добиете хомогена смеса. Додадете го екстрактот од ванила.  

6. Додадете ја смесата со крем-сирење врз чоколадната смеса во плехот и потоа промешајте со нож.

7. Ставете одозгора парчиња темно чоколадо.

8. Печете 45-55 минути. 

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Викенд десерт: Рецепт за бајадера торта што не се пече За да ја подготвите оваа вкусна торта ќе ви биде потребно само да ги изматите фи...
Рецепт за посна салата од компири со прелив од кари Компирите честопати се дел од нашето мени, без разлика дали е за ручек, како сал...
Направете сами: Крцкава пита со чоколаден крем и ф’стаци Чоколадо и ф’стак се навистина совршена комбинација. Затоа, подгответе ја оваа б...
Лесен рецепт за фалафел - крцкави ќофтиња од наут Во речиси сите ресторани каде што служат здрава храна на менито може да го забел...
Чоколадни бомбици од смеса за готова торта Со смеса за чоколадна торта за час ќе направите супер десерт - вкусни бомбици со...
Мафини од печени јајца - рецепт за поинаков, а вкусен појадок (или вечера) Ви здодеа да јадете варени јајца или јајца на око, а сепак ги обожавате? Тогаш с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg