Без печење: Чоколадни бомбици од три состојки
Вкусните десерти речиси секогаш се едноставни за подготвување и што е најважно, не ви треба многу време за да ги направите.
Таков е случајот и со овие едноставни бомбици направени само од три состојки:
Потребни состојки:
- 30g путер
- 400g кондензирано млеко (ако немате, како да направите кондензирано млеко)
- 40g какао во прав
- Чоколадни трошки
Подготовка:
Измешајте ги путерот, кондензираното млеко и какаото во прав во сад за готвење и растопете ги на средна температура.
Откако ќе се стопат и соединат, ставете ги во чинија на која претходно сте намачкале путер и оставете ја смесата да се олади во фрижидер цели два часа.
По два часа, извадете ја смесата и од неа правете мали топчиња кои ќе ги мачкате во чоколадни трошки.
Вашиот вкус десерт е готов!
Brigadeiros
Posted by Proper Tasty on Tuesday, February 23, 2016
Н. Г. | Црнобело