Рецепт за совршени чоколадни палачинки без брашно

Ако веќе знаете да правите обични палачинки, време е да отидете чекор напред и да го испробате овој нов рецепт за чоколадни палачинки од само 4 состојки.

Slatko-zadovolstvo-amerikanski-palacinki-so-banana-i-Neskvik-01

Леснотијата и брзината со која се подготвуваат ќе ги направат ваш омилен појадок и десерт.

Потребни состојки:

  • 2 јајца
  • 1 банана
  • 1 лажица путер од кикирики
  • 50g Несквик

Подготовка:

Ставете ги во блендер сите потребни состојки и блендирајте додека не добиете хомогена смеса.

Истурете од смесата врз тефлонска тава за палачинки (или ако ви се лепат намачкајте малку путер) и почекајте додека да се испечат на една страна (околу 2 мин.) па преверете на другата.

Декорирајте со банана и шлаг или чоколаден прелив или сè она што вас ви се допаѓа.

 

 

Nutritious Chocolate Pancakes #TastyJuniorStirred Up By Nesquik

Posted by Tasty on Monday, March 7, 2016

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Ќе барате уште едно парче - Посна чоколадна торта Обично се смета дека десертите не се посни и дека речиси е невозможно да се напр...
Нова верзија на рецептот на баба: Омилените божиќни гурабии со ванила и ореви Се сеќавате на вкусните колачиња што буквално ви се топат во уста? Меки и полнет...
Највкусните мини панцероти со корнфлекс - крцкави однадвор без пржење Мини панцероти кои крцкаат однадвор, а се топат одвнатре - се прават со тост леп...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg