Кекси кои ќе ги обожавате: 2 состојки, 15 минути и 93 калории
Најбрзиот и најздравиот рецепт за домашни кекси - брзо ќе го прочитате, уште побрзо ќе го испечете, а најбрзо ќе уживате во неверојатно здравите колачиња.
Предноста на домашните кекси е што се нискокалорични, па може да ги комбинирате со какви намази и да посакате.
Одлични се за појадок, ужина или вечера, па дури и за дечињата кои постојано сакаат нешто да грицкаат, а сакате да внимавате на нивното здравје.
Што ви е потребно за овој кекс:
- 2 зрели банани
- 100g овесни снегулки
- По желба може да додадете јаткасти плодови или сечкано сушено овошје
Начин на подготовка:
Излупете ги бананите и исечкајте ги на мали парчиња. Додајте ги овесните снегулки. Мешајте и гмечете додека не добиете изедначена смеса.
На хартија за печење, распоредете ја смесата за кексот и обликувајте ги колачињата со помош на лажица.
Можете да додадете кршени јаткасти плодови или ситно исечено суво овошје одозгора.
Обликуваните колачи ставете ги да се печат околу 15 минути на температура од 200 степени, или додека не добијат златна боја.
Потоа можете да ги потопите во млеко или да ги грицкате заедно со жежок чај.
С. С. | Црнобело