Едноставен рецепт: Брз какао колач

Нема кој не сака слатки чоколадни десерти, посебно најмалите. Но, тоа не значи дека треба многу да се мачите во кујната и да подготвувате комплицирани рецепти.

ednostaven-recept-brz-kakao-kolac-01.jpg

Напротив, можете да направите нешто едноставно и навистина вкусно.

Еве една идеја:

Потребно време за подготовка: 10 минути

Потребно време за печење: 45 минути

Температура на печење: 170 степени


Потребни состојки:

  • 2 шолји шеќер
  • 1 и ¾ шолји брашно
  • ¾ шолја какао
  • Малку сол
  • ½ кесичка прашак за печиво
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 лажица цимет
  • Малку сода бикарбона
  • 1 шолја млеко
  • ½ шолја масло
  • 2 јајца


Глазура:

  • 100g чоколадо за готвење
  • 40g путер


Подготовка:

Загрејте ја рерната на 170 степени. Во еден сад ставете ги млекото, маслото и јајцата. Во друг сад, брашното, шеќерот, ванилиниот шеќер, циметот, солта, сода бикарбоната и какаото. Помешајте ги состојките одвоено, па потоа полека со миксер започнете да ги додавате „сувите“ состојки на „мокрите“.

Калапот или садот во кој ќе го печете колачот посипете го со какао, а потоа додадете ја смесата. Печете во претходно загреана рерна околу 45 минути.

ednostaven-recept-brz-kakao-kolac-1.jpg

Откако ќе го извадите колачот од рерната, на него можете да ставите глазура по желба, добиена со топење на чоколадо и путер или едноставно да го посипете со шеќер во прав.

ednostaven-recept-brz-kakao-kolac-2.jpg

На здравје!

ednostaven-recept-brz-kakao-kolac-3.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за солена торта од палачинки Дозволете си да експериментирате со вкусовите, па оваа солена варијанта на палач...
Француски рецепт за ролнички со јаболка, ф’стак и цимет Едноставен рецепт за превкусни француски ролнички со јаболка, цимет и ф’стаци, н...
Направете домашно тесто за пица, исто како од ресторан Потребни ви се само неколку состојки за и дома да направите совршено тесто за пи...
Кремаст чизкејк со кокос, без печење Во потрага сте по брз десерт кој ќе го подготвите за гости или за своја душа? Чи...
Рецепт за новогодишни шишарки - украс на секоја празнична трпеза Оваа година празничната трпеза дополнете ја со новогодишни шишарки, кои ќе ги ра...
Предлог ручек: Орзо со пилешко и грашок Ако не знаете што да зготвите за ручек, пробајте го овој брз и вкусен рецепт - о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg