Рецепт за зимска, празнична Сангрија која ќе ве стопли

Сангријата ве асоцира само на лето? Грешка! Треба малку да го модифицирате вкусот за да добиете совршен зимски пијалак кој ќе ве стопли подобро од чај.

recept-za-zimska-praznicna-sangrija-koja-ke-ve-stopli-01.jpg

Наместо портокали и лимони, користете ги плодовите на студеното време - крушки, јаболка, калинки...

Точниот рецепт кој ви го предлагаме за празнициве е следниот:

  • 2 шишиња црвено вино со овошна арома
  • 2 мали јаболка, исечкани на коцки
  • 2 круши, исто така исечкани на коцки
  • 1 исчистена калинка
  • 1-сантиметар свеж корен од ѓумбир, ситно изрендан
  • 1 лажичка цимет
  • ½ шолја бренди или вотка (по желба)

Подготовка:

Ако користите вотка или бренди, јаболката потопете ги неколку часа во алкохолот.

Ставете ги парчињата јаболка, круши, калинките и изренданиот ѓумбир во еден длабок сад или голем бокал, па преку нив додадете го циметот.

Додадете го виното во садот, лесно промешајте и оставете ја Сангријата да отстои 2-3 часа пред послужување.

Во чашите задолжително ставете стапчиња цимет и неколку парчиња од овошјето. Додадете лимон по желба.

recept-za-zimska-praznicna-sangrija-koja-ke-ve-stopli-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Викенд мезе: Мини тортиљи со пилешко и зеленчук по турски рецепт Мини пилешките тортиљи по турски рецепт се деликатес кој мора да го пробате. ...
Летно мезе по грчки рецепт: Фета сирење со прелив од мед и сусам Замислете дека сте покрај море, во таверна, со салата, цацики и фамозното фета с...
Рецепт за нудли со сусам и лук, совршен брз ручек за постите Гладни сте и сакате да јадете нешто топло, но да го подготвите набрзина? За овој...
Рецепт за лазања од тиквички во Air Fryer Ако и вие обожавате лазања, тогаш мора да ја пробате оваа верзија со тиквички. ...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Направете сами: Крцкава пита со чоколаден крем и ф’стаци Чоколадо и ф’стак се навистина совршена комбинација. Затоа, подгответе ја оваа б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg