Празничен десерт: Новогодишна елка од бомбици со бисквити

За сите креативни домаќинки кои се заситени од старинските рецепти и традиционални идеи за празниците, имаме мало освежување!

praznicen-desert-novogodisna-elka-od-bombici-so-biskviti-01.jpeg

Новогодишната елка од бомбици е идеја која ќе ви заштеди време и пари, а на храната ќе ѝ додаде празничен дух.

За да ги подготвите бомбиците од бисквити ви требаат 20 минути.

Потребни состојки:

  • 200g путер
  • 150g шеќер во прав
  • 150g желе бомбони
  • 100g бело или црно чоколадо по желба
  • 50g суво грозје
  • 150-200g бисквити
  • Шеќер во прав, кокос или декоративни трошки во боја за валкање

Подготовка:

Путерот изматете го со шеќерот во прав, а потоа додајте ги останатите состојки - мелените бисквити, сечканите желе бомбони, ренданото чоколадо и на крај сувото грозје.

Соединете ја смесата со рака и правете бомбици.

Бомбиците може да ги извалкате во што сакате - кокос, шеќер во прав, чоколадни трошки или топено чоколадо.

praznicen-desert-novogodisna-elka-od-bombici-so-biskviti-02.jpg

Оставете ги неколку часа во фрижидер да се стврднат, а послужувањето подгответе го на следниов начин:

Од подебела хартија или тенок картон направете конус.

praznicen-desert-novogodisna-elka-od-bombici-so-biskviti-03.jpeg

Со чепкалки за заби или стапчиња за ражничи направете дупчиња во конусот. Потоа на нив закачете по една бомбица.

praznicen-desert-novogodisna-elka-od-bombici-so-biskviti-04.jpeg

Секогаш може да декорирате по желба - додадете светки или шарени додатоци за торти и колачи.

praznicen-desert-novogodisna-elka-od-bombici-so-biskviti-05.jpeg

praznicen-desert-novogodisna-elka-od-bombici-so-biskviti-06.jpg

Би можело да ве интересира:

Направете вкусна мусака со модри домати, по грчки рецепт Ако сте расположени за традиционален ручек, но ви се здосадени секојдневните рец...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Прсти да излижете: Баунти колач со кокос и Орео колачиња, што не се пече Од овој колач задолжително ќе барате парче плус, а е омилен им е на сите оние шт...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg