Брзо, евтино, вкусно: Чоколаден колач само од 2 состојки

Нема нешто што може побрзо да ја задоволи желбата за благо од овој мек и вкусен чоколаден колач. Дури и ако не сте по готвењето, овој рецепт ќе сакате да го подготвувате секој ден бидејќи е многу лесен, брз и евтин.

brzo-vkusno-evtino-cokoladen-kolac-samo-od-2-sostojki-001.jpg

Доволни ви се само 2 состојки и имате чоколаден колач за целото семејство, па и за пријателите.

Потребни состојки:

  • 4 јајца
  • 240g чоколадо

Подготовка:

Рерната загрејте ја на 170 степени. Премачкајте го плехот за печење со масло. Јајцата нека бидат на собна температура. Одвојте ги жолчките од белките, а чоколадото исечкајте го.

Коцките чоколадо потоа стопете ги на пареа. Белките изматете ги со миксер за да добиете цврст шлаг. Помешајте ја стопената чоколада и жолчките. Смесата со чоколадо додајте ја внимателно во едната половина од шлагот и полека мешајте. Постепено додавајте го и остатокот од шлагот и внимателно мешајте за да не ви спаднат белките.

На крај, целата смеса сипете ја во калапот или плехот за печење, подудрете го од масата за да излезат меурчињата и ставете го да се пече 30-40 минути.

Со чепкалка за заби проверете дали е печен. Кога ќе се излади извадете го до плехот, исечете го на коцки и послужете го со вкусно кафе.

Би можело да ве интересира:

Колач со вишни, по рецептот на нашите баби Ако носталгијата има мирис и вкус, тогаш сигурно потсетува на колачот со вишни ш...
Брз ролат со плазма и овошје (без печење) Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Брзо мезе: Ролат од тиквички (полнет со сè што сакате) Вкусно мезе на кое основата му се тиквички, а филот може да го направите по ваша...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg