Крофни по рецептот на баба: Нека замириса цела куќа
Тазе пржени крофни, премачкани со сочен мармалад или крем... Сладок залак на кој ниту една генерација не му одолеала.
А, за да ве вратиме во детството и мирисот на крофните подготвени од вештите раце на баба, ви го нудиме следниот рецепт.
Потребно ви е:
- 2 јајца
- 1 коцка квасец
- 1 чаша јогурт
- 1 kg брашно
- 300-350ml вода
- Половина лажичка сол
- 5 лажици шеќер
- 200g шеќер во прав
- 100ml масло
- Крем или мармалад, по желба
Подготовка:
Во топла вода растопете го квасецот и додајте го јогуртот. Солта, шеќерот, брашното, маслото и јајцата додавајте ги постепено. Замесете тесто и оставете го да одстои 10 минути.
Потоа развлечете го и исечете кругови со големина по желба. Оставете ги да постојат 10тина минути, а потоа пржете ги во врело масло.
Готовите крофни, додека се топли, проросете ги со шеќер во прав и наполнете ги или премачкајте ги со крем или мармалад.
На здравје!