Лесен рецепт за фалафел - крцкави ќофтиња од наут

Во речиси сите ресторани каде што служат здрава храна на менито може да го забележите уникатниот фалафел, кој пак стана особено популарен помеѓу вегетаријанците и веганите затоа што е одличен извор на протеини. Како да ги направите овие вкусни ќофтиња дома?

lesen-recept-za-falafel-krckavi-kjoftinja-od-naut-01.jpg

Ако сакате да направите поинаков оброк и тоа без месо, тогаш фалафел ќофтињата се одличен избор за вас.

Во речиси сите ресторани каде што служат здрава храна на менито може да го забележите уникатниот фалафел, кој пак стана особено популарен помеѓу вегетаријанците и веганите затоа што е одличен извор на протеини.

Едноставен рецепт за фалафел:

Потребни состојки:

  • 200g наут (не од конзерва)
  • 1 главица кромид
  • Свеж магдонос по вкус
  • Свеж коријандер по вкус
  • 2-3 чешниња лук

Начин на подготовка:

  • Наутот покиснете го во вода и оставете го да отстои преку ноќ.
  • Потоа исцедете го и ставете го во блендер со кромидот, магдоносот, коријандерот и лукот.
  • Изблендирајте ги состојките убаво, а ако смесата е леплива, можете да додадете малку брашно.
  • Покријте ја смесата и оставете да постои во фрижидер околу 1-2 часа.
  • Извадете ја од фрижидер и од смесата обликувајте топчиња кои ќе ги пржите на загреано масло.

recept-za-falafel-krckavi-kjoftinja-od-leblebija-koi-mozhe-da-gi-jadete-i-kako-meze-02.jpg

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Направете вкусна мусака со модри домати, по грчки рецепт Ако сте расположени за традиционален ручек, но ви се здосадени секојдневните рец...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Вкусен домашен ручек - Како да направите тавче гравче? Тавче гравче претставува македонски традиционален рецепт кој бара внимание, но л...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепт за здрав протеински леб со овесни снегулки и семиња Ако сакате да се храните здраво тоа не значи дека по секоја цена треба да го исф...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg