Рецепт за новогодишни шишарки - украс на секоја празнична трпеза
-->
Оваа година празничната трпеза дополнете ја со новогодишни шишарки, кои ќе ги развеселат најмалите, но и возрасните.
Новогодишните шишарки се подготвуваат без готвење и со малку состојки. Совршени се за да внесат многу вкус и празнична атмосфера на вашата трпеза.
-->
Потребни состојки:
- 200g бисквити
- 120g шеќер
- 50g какао
- 100g путер
- 25ml млеко
- Чоколадни житарки во ливчиња по вкус
- Шеќер во прав по вкус (за декорирање)
Начин на подготовка:
- Сомелете ги бисквитите во процесор за храна додека не станат во вид на прав.
- Мелените бисквити префрлете ги во сад и додајте ги шеќерот и какаото, па спојте ја смесата со раце.
- На крај додајте го растопениот путер и малку млеко и соединете ги убаво состојките за да добиете компактна смеса. Ако е суво, додајте уште малку млеко.
- Формирајте топче, поделете го на шест дела и со рацете секој дел трансформирајте го во конус.
- Чоколадните житарки почнете да ги ставате на тестото одоздола до најгоре, со зашилениот дел свртен нанадвор и малку испакнат. Редете житарки додека да ја покриете целата површина.
- Кога ќе бидат готови, шишарките ставете ги на чинија за сервирање и наросете ги со шеќер во прав за да им дадете снежен и празничен изглед.
Бонус видео:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон
Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос
Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела
Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење
Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти
Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа
Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
-->
-->