Брзи и вкусни чоколадни браунис без шеќер, готови за 15 минути (видео)
-->
Чоколадните браунис колачиња со банана имаат малку калории, па можете да ги јадете секој ден без грижа на совест.
Чоколадните браунис без шеќер и брашно се одличен летен десерт. Се подготвуваат со само 4 состојки за 15 минути.
-->
Најважно е што немаат многу калории, па можете да ги подготвувате и јадете секој ден без грижа на совест.
Потребни состојки:
- 2 банани
- 2 јајца
- 40g какао
- 1 лажичка прашок за печиво
Начин на подготовка:
- Со виљушка испасирајте ги бананите.
- Во нив додајте ги двете јајца и спојте ја смесата со рачна маталка.
- Додадете ги и какаото и прашокот за печиво, па матете додека да добиете хомогена смеса.
- Ставете ја смесата во сад за печење со димензии 16х16cm.
- Одозгора наросете малку рендано чоколадо.
- Печете во загреана рерна на 180 степени 12 минути.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа
Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Брз и хранлив оброк: Јајца со кисело млеко или павлака, на турски начин
Пржените јајца честопати се дел од нашите оброци, а најчесто ги подгот...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки
Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет
Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
-->