Розе вино и текила за малку поинаква летна сангрија
Кој не сака сангрија? Омилениот шпанско-мексикански пијалак е на менито без оглед на сезоната, а овојпат имаме варијација во вкусот кој вклучува розе вино, текила и многу свежо овошје.
Звучи чудно, но ова е добитна свежа комбинација за летните ноќи и совршен пијалак за забави.
Набавете ги состојките и направете си малку поинаква сангрија за паметење.
Потребни состојки:
- 1 шише Розе вино
- 1 шолја бела текила
- 1 шолја свеж сок од лимета
- 1/3 шолја агаве сируп (или малку повеќе, според вкус)
- 2 шолји јагоди исечени на половинки
- 1 шолја сечкани праски
- 1 шолја боровинки или малини
- 1 шолја исечени цреши на половина или мали парчиња љубеница
- 2-3 лимети исечени на парчиња
- Тоник
- Босилек за декорација
Подготовка:
Во подлабок сад се мешаат сите наведени состојки, со исклучок на тоникот и босилекот.
Се остава добро да се олади. Пред сервирање, чашите се полнат со мраз и откако претходно нежно сте го промешале пијалакот, се налева во нив. Се полева со малку тоник одозгорa и се декорира со босилек и свежи цветчиња.
(О)Милена | Црнобело