3 домашни ледени чаеви со црн чај за топлите денови

Има ли нешто подобро од чаша леден чај за освежување и разладување во моментите кога чувствувате дека се топите поради високите температури?

3-domasni-ledeni-chaevi-so-earl-grey-za-toplite-temperaturi-01.jpg

Пред да посегнете по ледените чаеви во продавниците, имајте на ум дека се преполни шеќери и штетни емулгатори, па зошто да не си направите здрав леден чај, во чиј вкус ќе уживате вие и вашите гости.

Овие 3 едноставни рецепти имаат нешто заедничко – сите го вклучуваат „кралот“ на чаевите, Earl Grey.

Earl Grey е мешавина од квалитетен црн чај збогатен со масло од бергамот (овошје добиено со вкрстување на лимон и горчлив портокал или цитрон). Токму оваа симбиоза на вкусови го прави вкусот на Earl Grey еден од најуникатните во огромниот спектар на чаеви.

3-domasni-ledeni-chaevi-so-earl-grey-za-toplite-temperaturi-Earl-Grey.jpg

Снабдете се со квалитетниот Earl Grey и направете си залихи на леден чај.

Ќе ви бидат потребни, со оглед на временската прогноза.

Лаванда + Earl Grey

3-domasni-ledeni-chaevi-so-earl-grey-za-toplite-temperaturi-lavanda.jpg

  • 8 ќесички Earl Grey чај
  • 1 и пол лажичка сушена лаванда
  • Мед по вкус

Во 2 литри зовриена вода, додадете ги ќесичките чај и лавандата. После 5 минути процедете и додадете мед по желба. Добро измешајте и оладете го чајот. Послужете со коцки мраз.

Јагоди + босилек + Earl Grey

3-domasni-ledeni-chaevi-so-earl-grey-za-toplite-temperaturi-jagoda.jpg

  • 8 ќесички Earl Grey чај
  • 400g јагоди пресечени на половинки
  • ¾ шолја кафеав шеќер или стевија
  • 1 шолја свеж босилек

Во 2 литри зовриена вода, додадете ги ќесичките чај кои ќе отстојат 5 минути. Потоа извадете ги и оставете го чајот да се лади.

Во помало тенџерче, помешајте го шеќерот со една шолја вода додека не се стопи. Додадете го босилекот во мешавината и почекате да се олади десетина минути. Со смесата прелијте ги јагодите во садот, но отстранете го босилекот, за да не му даде премногу силна арома на чајот.

После половина час, измешајте го основниот црн чај со сирупот од јагоди.

Послужете со мраз и неколку ливчиња босилек.

Овој чај оди одлично во комбинација со ф`стаци.

Праски + Earl Grey

3-domasni-ledeni-chaevi-so-earl-grey-za-toplite-temperaturi-praska.jpg

  • 5 ќесички Earl Grey чај
  • 4 + 2 шолји вода
  • 1 шолја кафеав шеќер
  • 2 праски, излупени и исечкани на парчиња
  • ливчиња свежо нане по желба

Во 4 шолји зовриена вода (1 литар) додадете ги петте ќесички чај кои ќе отстојат 15 минути.

Во поголем сад измешајте 2 шолји вода, 1 шолја шеќер и двете исечкани праски.

Мешајте на средна температура додека не се стопи шеќерот. Потоа намалете до најниска температура и оставате ја мешавината уште 10 минути или додека праските целосно не омекнат.

Откако сирупот целосно ќе се излади, извадете ги праските од мешавината.

Измешајте го претходно подготвениот црн чај со сирупот од праски и 1-2 шолји ладна вода по желба, доколку не сакате преконцетриран вкус на ледениот чај.

Декорирајте со свежо нане, коцки мраз и дополнителни парчиња праска.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 освежителни пијалаци што ќе ви помогнат да загубите килограми На сите ни е познато дека во борбата со вишокот килограми зашеќерените пијалаци ...
3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
Ледено кафе со парченца чоколада – Нов хит рецепт за освежителен пијалак Потребно е малку повеќе време за да се подготви, но сигурно ќе ви се допадне, ак...
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
Вирален празничен коктел кој изгледа како снежна кугла – се прави и без алкохол (видео) За овој коктел кој изгледа волшебно ќе ви требаат само три состојки – малку вода...
3 пијалаци што треба да ги пиете пред спиење ако сакате рамен стомак Овие пијалаци можете да ги пиете пред спиење за да го забрзате метаболизмот и по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg