Зелени пијалаци за чистење на организмот

Зеленчукот и овошјето со зелена боја имаат значително лековите дејство за нашиот организам. Речиси сите тие содржат минимален број на калории, а огромен број корисни витамини и минерали.

Sest-zeleni-napitoci-za-cistenje-na-organizmot-0001.jpg

Освен тоа, зеленото овошје и зеленчук одлично го чистат нашиот организам и го забрзуваат метаболизмот, па се препорачуваат за детоксикација на организмот.

Пијалаците од зелено овошје и зеленчук може да се консумираат како ужина помеѓу оброците, а се сосема едноставни за подготвување.

Сè што треба да направите е да ставите малку овошје и зеленчук во блендер и да додадете малку вода доколку смесата е премногу густа.

Следните 6 зелени пијалаци ќе ви помогнат да го исчистите организмот од сите токсини кои се наталожиле во него.

1. Јаболко + авокадо + зелена салата + киви

Пијалакот од јаболко, авокадо и киви може совршено да се надополни со зелена салата. Заради ниската калоричност (салатата се вбројува помеѓу десетте најниско калорични диетални намирници) овој пијалак поседува својства кои го подобруваат метаболизмот и на одличен начин го чистат организмот.

Sest-zeleni-napitoci-za-cistenje-na-organizmot-002.jpg

2. Краставица + магдонос

Овој пијалак е најдобро да се консумира навечер. Краставицата се состои од 90% вода, па благодарение на тоа, овој пијалак е одличен за жешките летни денови. Само 100 грама магдонос содржат дводневна доза витамин Ц и каротен, нешта кои многу ни недостасуваат во летните денови.

Sest-zeleni-napitoci-za-cistenje-na-organizmot-003.jpg

3. Јаболко + лимета + краставица

Лиметата не само што придонесува за исфрлање на токсините од нашиот организам, туку, исто така, има и смирувачко дејство врз нервниот систем, ја подобрува општата здравствена состојба и го подобрува расположението.

Sest-zeleni-napitoci-za-cistenje-na-organizmot-004.jpg

4. Пиперка + лимонов сок

На прв поглед сосема необична комбинација, но витаминот Б кој се содржи во зелените пиперки помага во борбата со стресот, го смирува организмот и го подобрува памтењето. Ако константно чувствувате хроничен умор, овој пијалак е одличен избор за вас.

Sest-zeleni-napitoci-za-cistenje-na-organizmot-05.jpg

5. Брокула + јаболко + лимета

Брокулата поседува голема количина на протеини, што ја прави незаменлива намирница во исхраната на вегетаријанците. Покрај тоа брокулата е одлична замена за месото, особено во лето кога заради високите температури сите ја избегнуваме тешката храна.

Sest-zeleni-napitoci-za-cistenje-na-organizmot-006_2.jpg

6. Целер + јаболко

Ова е најраспространетата мешавина на зелен пијалак. Целерот покрај тоа што го ослободува организмот од токсините, делува смирувачки врз нервниот систем и ви помага да се ослободите од напнатоста.

Sest-zeleni-napitoci-za-cistenje-na-organizmot-007.jpg

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 освежителни пијалаци што ќе ви помогнат да загубите килограми На сите ни е познато дека во борбата со вишокот килограми зашеќерените пијалаци ...
Вирален празничен коктел кој изгледа како снежна кугла – се прави и без алкохол (видео) За овој коктел кој изгледа волшебно ќе ви требаат само три состојки – малку вода...
3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
Ледено кафе со парченца чоколада – Нов хит рецепт за освежителен пијалак Потребно е малку повеќе време за да се подготви, но сигурно ќе ви се допадне, ак...
Рецепт за греен џин со тропско овошје ако сакате да пробате нешто различно Греениот џин (Glüh Gin) со тропско овошје е одлична замена за класичното варено ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg