Чај од 3 евтини состојки со кој ќе ги стопите несаканите масни наслаги
Кога станува збор за метаболизмот, важно е да се знае дека најдоброто и најефективното време за неговото забрзување е рано наутро, веднаш откако ќе се разбудите.
Овој рецепт за слабеење од само три состојки доби огромна популарност најмногу поради пофалните зборови на сите оние кои го пробале.
Потребни состојки:
- Зелен чај
- Цимет
- Ловоров лист
Начин на подготовка:
Во 800 милилитри зовриена вода додадете 1 стапче цимет, 3 листа ловоров лист и рамна супена лажичка зелен чај. Поклопете го чајот со капак, оставете го да отстои 15 минути и потоа исцедете.
Примена:
Испијте ја првата шолја од чајот на празен стомак, веднаш штом се разбудите.
Втората шолја испијте ја веднаш после појадокот, а третата навечер, пред спиење.
Со консумирањето на трите шолји од овој чај гарантирано ќе се ослободите од вишокот килограми, посебно во критичните делови од телото како што се стомакот, нозете и половината, а според оние кои го пробале и ги почувствувале неговите ефекти, првите резултати ќе бидат видливи после само една седмица.
Сите три состојки ги согоруваат мастите и го забрзуваат метаболизмот, но секако имајте на ум дека секој обид за забрзување на метаболизмот и губење на тежината треба да биде проследен со урамнотежена исхрана и умерена физичка активност.
Чајот не се препорачува за бремени жени или жени доилки.
М. С. | Црнобело