Алкална диета - тренд во исхраната кој го пробува цел свет
Алкалната диета многу се разликува од стандардните диети за слабеење, затоа што примарна цел и е балансот на телото и зголемената енергија, па потоа намалувањето на килограмите, што значи со неа никогаш нема да се чувствувате гладни и анксиозни.
Овој тип на исхрана подразбира дневно внесување на 75% свежа храна и 25% готвена храна.
Кисели намирници кои смеете да ги консумирате во тие 25% во текот на еден ден:
Месо: свинско, телешко, говедско, туна, живина, дивеч, ракови, школки, месни преработки, сардина.
Овошје: сливи, мандарини, малини, брусници, вишни, калинки, ананас, јаболка, праска, кајсија, грејпфрут, јагоди, рибизли, папаја, цреши...
Базни намирници кои смеете да ги консумирате во тие 75% во текот на еден ден:
Зеленчук: лук, брокула, кромид, ѓумбир, морски алги, компир, домати, карфиол, блитва, прокељ, кељ, коријандер, морков, свежи пиперки, зелка, зелена салата, грав, тиква, лубеница, краставици, целер, артичок, рен, ротквици, репка.
Овошје: банана, кокос, смокви, авокадо, лимета, лимон, портокал, манго, круши.
Останато: Семе од тиква, мак, костени, ленено масло, кокосово масло, маслиново масло, босилек, темјан, јачмен, овес, просо, соино млеко, морска сол, зелен чај, јаболков оцет.
Пример дневно мени:
Појадок: омлет од 2 јајца, парче интегрален леб, 1 свеж домат и шолја чај од ѓумбир.
Ужина: 1 банана и рака семки од тиква.
Ручек: Супа од зеленчук, јунешко со зелка салата.
Ужина: Јаболка и рака бадеми.
Вечера: Пилешко на жар (150g) со салата зелка или риба со мешана салата.
Како додаток секој ден можете да пиете сок од лимон, без шеќер.
Растојанието меѓу оброците исто така би требало да биде 3-4 часа.
Физичката активност е секогаш добредојдена.
Затоа што алкалната диета не е инстант слабеење, ниту краткорочно решение, го нема јо-јо ефектот, туку носи долгорочни резултати ако ја практикувате подолго време.
Д. М. | Црнобело