Сите ја пробуваат Викторијанската диета: Тајната за слабеење од 19-ти век
Помеѓу луѓето кои постојано испробуваат диети за да ја постигнат идеалната тежина, се појави нов тренд - Викторијанска диета.
Начинот на исхрана е ист како оној кој луѓето го практикувале во 19-от век, а најдобро од сè е што луѓето во тој период јаделе по 5.000 калории дневно.
Што значи, гладувањето со оваа диета е невозможно.
Што јаделе луѓето во Викторијанската ера?
- Леб од цели зрна пченица, со здрав квасец
- Многу зеленчук
- Многу овошје, посебно јаболка, сливи и цреши
- Риба
- Компир
- Месо во малечки парчиња и количини
Спротивно на ова, шеќерот бил луксуз, па затоа бил недостапен, исто како и алкохол и цигарите кои не биле достапни за работничката класа. Исклучок било само пивото.
Можеби најважната потточка во целата диета е лебот. Луѓето во 19-ти век јаделе големи количини на леб со квасец, кој позитивно влијае на имунолошкиот систем.
„Многу свежо овошје и зеленчук, здрава риба и добри јаглехидрати е одличниот рецепт за исхрана кој треба да го практикувате. Секако, избегнувањето на шеќерот и алкохолот е уште едно главно правило кое ви е од корист. Не треба секојдневно да јадете месо и физичката активност е неопходна,“ велат нутриционистите.