5 работи кои никој не ви ги кажува за диетите

Најверојатно сите ќе ви кажат, движете се повеќе, јадете помалку. Но, пред да почнете со екстремни теловежби и диетална исхрана, базирана на искуствата на славните личности, размислете што тоа може да му го направи на вашето тело.

5-raboti-koi-nikoj-ne-vi-gi-kazuva-za-dietite-01.jpg

Ова се 5 работи кои никој не ви ги кажува за диетите:

Гасови

Еден од несаканите ефекти на диетите се гасови и грчеви во стомакот. Доколку сакате долгорочно да ја изгубите тежината, треба да консумирате храна богата со растителни влакна: овошје, зеленчук, пченка и грав. Со други зборови, токму овој вид на храна предизвикува гасови и грчеви.


Сите имаат свое мислење за губење на тежината кое сакаат да го споделат

Луѓето лесно ќе го признаат своето незнаење за работи како квантна механика или пилотирање голем авион, но кога станува збор за други теми за кои тие се подеднакво неуки, тоа незнаење веќе не е толку важно. Губење на тежината е тема за која секој има мислење кое мора да го сподели со вас. Оваа диета е модерна, треба да се биде веган, а не вегетеријанец, треба да се фокусираш на кардио вежби и слично.


Вашето тело нема да ви помогне во вашите напори

Вашето тело, вашите хормони, и секако вашиот метаболизам, немаат концепт за зборот „масти". Вашето тело не ја препознава дебелината како нешто против што мора да се бори.

Што се однесува до вашето тело, за него диетата е бавна смрт предизвикана од гладување. Губење на тежината е нешто што вашето тело се обидува да го минимизира и избегне. Ова е причината зошто секој кој се обидува да изгуби тежина, за брзо време повторно се здебелува.


Скапо е на повеќе начини

Членство во теретана, храна, книги за диети, облека за вежбање, тегови... Сите овие работи чинат пари. Не заборавајте дека ако изгубите доволно тежина ќе треба да купите и нова облека.

Кога сте на диета соочени сте со цела низа одлуки. Треба ли да трчам сега или после работа? Која од овие преливи за салати има најмал износ на масти? Смеам ли да се напијам чаша вино или да изедам едно парче торта?


Губењето на тежина нема да ви ги реши сите проблеми во животот

Губење на тежината нема да ве направи посмешни или попаметни. Некои луѓе очекуваат дека ќе се чувствуваат подобро доколку си го сакаат своето тело. Можеби некои луѓе очекуваат да ја пронајдат девојката или дечкото од соништата, штом ќе бидат тенки и доволно „привлечни“.

Честопати луѓето кои успеале да ја достигнат посакуваната тежина наоѓаат други работи на своето тело кои ги мразат. Носот ми е премногу голем, косата ми е слаба, сè уште имам криви нозе...

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во колку часот треба да појадувате, а кога да вечерате за да имате рамен стомак, според доктор? Вечерата треба да биде два или три часа пред да си легнете да спиете. Знаете ли ...
Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
7-дневно мени со здрави оброци од нутриционистка (погодно е и за дијабетичари) Следејќи го ова мени, ќе ги задоволите вашите нутритивни потреби, а ќе уживате в...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg