11 трикови за уредување на спалната соба (како да му дадете нов шмек на стариот простор)
Ставете си наткасни со простор за складирање - Вака ќе го намалите нередот, плус ќе си ја задржите приватноста, ако станува збор за лични предмети како кондоми и лубриканти на пример.
Во уредувањето на домот некако најмногу внимание како да се посветува на дневната соба и кујната, а се запоставува спалната соба.
Но, и таму минувате многу време и што е најважно времето за релаксација е таму, па треба да е добро уредена.
Трикови за уредување на спалната соба, од експертите за ентериер:
Ставете си наткасни со простор за складирање
Вака ќе го намалите нередот, плус ќе си ја задржите приватноста, ако станува збор за лични предмети како кондоми и лубриканти на пример.
Сменете го ќилимот за нова свежина на просторот
Иако изгледа како нешто банално, овој потег ќе му даде комплетно нов изглед на целиот простор. Ова е лесен и брз начин за трансформирање на изгледот на спалната соба.
Наместо телевизор, ставете на тоа место уметничко дело
По долг и напорен ден, вашата спална соба треба да биде местото на кое конечно се исклучувате од сè и навистина нема потреба да гледате телевизија пред спиење за да си го расипувате сонот.
Во празните ќошиња ставете си некое растение за живост на просторот
„Мртвите“ ќошиња од собата оживејте ги со некое растение, но внимавајте при изборот, во зависност од тоа колку светлина имате. Зеленилото ќе ви даде релаксирачко чувство дека сте во природа.
Обичните перници заменете ги со декоративни
За да го направите просторот потопол и визуелно позабавен, ставете интересни перници со разни бои, текстури и форми и целата соба ќе ви изгледа попријатно.
Наместо обична ламба, ставете онаква што е прицврстена на ѕидот за помал неред
Вака вашите наткасни ќе бидат слободни за книга или за телефон или можеби мирислива свеќичка и просторот ќе дише.