Декорирајте го домот со рачно изработени украси
Празничната еуфорија веќе одамна е во полн ек, па не е ни чудо што многумина веќе започнаа со изработка на домашни декорации, украсување на новогодишните елки и изложување на венчињата за врата.
Но, ако вие сè уште не сте дошле до идеја како сето тоа да го изведете, не очајувајте, имаме интересни предлози кои ќе го подигнат вашето расположение.
Пред да започнете, размислете какви материјали имате на располагање и на каде ќе се насочите - дали ќе изработите венче за на врата, дали ќе ги обновите старите лампиони или пак сакате некој сувенир со кој ќе ги пополните едноличните полици.
Вклучете ги најблиските или најмладите кои секогаш имаат свежи, забавни идеи и започнете да експериментирате!
Ова се неколку наши идеи кои веруваме дека ќе ви послужат: