15-те најубави театри во светот кои ќе ве внесат во светот на уметноста
- Детали
- четврток, 26 ноември 2015
За некои вечерта помината во театар и уживањето во некоја оперска претстава или балет претставува збогатување на душата, а за некои пак, театарот претставува некакво архитектонско „чудо“ кое вреди да се посети.
Без разлика на тоа во која категорија спаѓате, веројатно ќе посакате да посетите некој од овие театри и да уживате или во глетката или во мелодијата која одѕвонува во нив.
1. „Teatro la Fenice“, Италија
Овој театар има богата историја. Во него биле слушнати светските премиери на познати композитори како: Верди, Стравински, Росини и Белини, откако бил отворен за првпат во 1792-та година.
2. „Seebühne“, Австрија
„Seebühne“ значи морска сцена на германски, наслов кој е соодветен на тоа каде се наоѓа театарот. Фестивалот Бергенц за првпат почнал да има свои настапи во 1946-та година, а театарот и изграден неколку години подоцна, во 1950-та година.
3. „The Winter Garden Theatre“, Канада
Ѕидовите се рачно цртани и боени, а наликуваат на градина. За да се долови самата сцена уште повеќе. Од самиот кров на театарот висат вистински овошки.
4. „Palau de la Musica Catalana“, Шпанија
Ако имате некогаш можност да влезете во овој театар ќе се воодушевите од фактот што има обоено и цртано стакло, мозаици и мермерни скулптури на секој чекор. Овој театар се смета за врв на каталанската art nouveau архитектура.
5. „Palais Garnier“, Франција
Овој театар бил инспирација за Гастон Леро да го напише неговото најпознато дело „Фантомот од операта“.
6. „Minack Theatre“, Англија
Ќе имате можност да се почувствувате како да сте се вратиле во некое античко време кога владееле боговите меѓу луѓето.
7. „Hessisches Staatstheater Wiesbaden“, Германија
Ако не сте љубител на операта, тогаш со сигурност ќе се воодушевите од неверојатните фрески кои можете да ги сретнете без разлика на тоа каде ќе го насочите вашиот поглед.
Уште 8 театри на следната страна...