Совршен контраст: 30 бели кујни со допир на силни бои
- Детали
- среда, 05 август 2015
Белата боја е ахроматска боја или буквално „боја без боја“ која се сретнува насекаде во природата, посебно во сончевите зраци и светлината. Таа претставува симбол на чистотата и светлината.
Токму затоа поголемиот дел од објектите кои се очекува да се чисти традиционално се обоени во бело, како што е и со кујнските предмети.
Белите кујни делуваат модерно, чисто и транспарентно. Сепак доколку не сакате просторот да изгледа монотоно, можете да го освежите и со неколку силни бои.
Тие може да се внесат како детали во кујната на неколку различни начини: стакло во боја, декоративни слики или украси, потемни работни плочи или мали теписи во боја.
Сепак, најпрактично освежување на кујните со боја е користење на интересни садови во разни бои кои делуваат декоративно и може лесно да се заменат со нови.