Ѕирнете први во новите канцеларии на Фејсбук (фото)
- Детали
- вторник, 31 март 2015
Од вчера вработените во Фејсбук веќе полека почнаа да се вселуваат во новите канцеларии кои се наоѓаат во Menlo Park, Калифорнија.
Целиот простор е дизајниран од страна на архитектот Френк Гери, кој ја дизајнираше и концертната сала на Walt Disney во Лос Анџелес и шпанскиот Guggenheim Museum.
Целиот простор на кој ќе биде сместено комплетното седиште на Фејсбук, треба да биде готово за неколку години. Но, веќе голем дел од работите се направени и оспособено е за работа.
Според Гери, она што Марк Цукерберг го барал е да биде пространо, практично и економично. Не претерувал во однос на дизајнерските барања.
Ова е првото седиште на Фејсбук каде ќе има отворен кампус за нови бизниси. Зафаќа простор од 39.948 m2, а ќе има вработено околу 2.800 луѓе.
Она што е особено карактеристично и позитивно е огромниот парк со градина на покривот, како и искористување на сончевата енергија, со што се заштедува на сметките.
За дизајнерските решенија во ентериерот ангажирани се 15 локални уметници кои се трудат да внесат колоритност и уникатност во целиот простор.
Целата внатрешност е како отворена соба со прегради и скали за поврзување на катовите. Ходникот е со силна портокалова боја која ве обзема.
Колку што е голема главната соба, просториите за состаноци се целите од стакло и се централно поставени.
Некои канцеларии имаат интересни имиња, други огромни графити, но се наоѓаат и многу уметнички и уникатно изработени дела.
Покрај работните простории има и места за релаксација и забава. Со оглед на тоа колку е голем целиот простор, на неколку места се поставени мапи за снаоѓање.
Дури и кујната има свој специфичен уметнички белег со ѕид исполнет со садови за јадење распоредени во форма на името „Full Circle“.
Покрај високата уметност, има и простории кои се едноставни, рустични и топли и каде може да се почувствувате како дома.