Звучи невозможно, а изгледа прекрасно: Удобен стан од 18 квадрати
- Детали
- недела, 15 март 2015
Овој мал стан содржи сѐ што е потребно за удобен живот, а се разликува од другите по тоа што во него има специфични креативни решенија кои може да ги искористите во вашиот дом.
Во ентериерот од само 18 квадрати доминира белата боја која визуелно го зголемува просторот, а колоритните детали ја разбиваат монотонијата и создаваат пријатна, удобна атмосфера.
Највпечатливиот момент е креветот кој е и полица воедно, па на многу вешт и ненаметлив начин се заштедува простор, а се добива генијално, креативно парче мебел.
Можеби не верувавте дека животот во 18 квадрати е возможен, но по овој стан ќе разберете дека може да биде и повеќе од удобен.