Заборавете на сите зимски колиби. Ова е собата во која сакате да ги поминете последните снежни денови (фото)
- Детали
- вторник, 10 март 2015
Норвешкото скијалиште на кое се одржуваа Зимските олимписки игри во 1952 година, сега доби сосема нова атракција.
Тогаш натпреварувачите стоеја на самиот врв од скокалницата и го чекаа својот ред за да се вивнат во небото пред околу 30.000 гледачи.
Денес, на истото место во висина од 60 метри, верувале или не се наоѓа хотелска соба.
Истата таа соба не е за изнајмување и не чини неколку илјадници евра како што претпоставувате, напротив, за да преспиете една вечер потребно е само да испратите креативно писмо од 100 зборови.
Тоа треба да содржи искрени желби и описи зошто баш вие би требало да сте среќникот кој ќе преспие тука.
Со малку среќа и многу креативност можеби баш вие ќе бидете оние кои ќе поминат ноќ во оваа лускузно опремена соба на врвот од скокалницата.
Покрај тоа, ќе добиете и неповторлив поглед кон планинските врвови и ѕвезденото небо.