Живот во ветерница: Луксузен дом од 60 квадрати
- Детали
- четврток, 23 октомври 2014
Ако сакате добро да се одморите, во магичен медитеранските амбиент и да се чувствувате кралски, тогаш ова место е совршено за вас.
Сместен во најсончевиот хрватски остров Хвар, овој објект фасцинира со неговиот облик и историја. Станува збор за оригинална стара кула, која е сместена во мирниот дел од градот.
Семејството во чија сопственост е оваа ветерница одлучило малку да ја реновира и пренамени во луксузен објект за изнајмување.
Поради фактот што овој објект е заштитено културно богатство, еден од условите биле при реновирање да се користат исклучиво камен и дрво.
Надворешниот дел се состои од градина и приватен паркинг, а во ентериерот посебно се истакнуваат романтичните галерии и прекрасните спирални скалила.
Погледнете што сѐ поседува овој луксузен дом: