Комфор во 34 квадрати
- Детали
- понеделник, 20 октомври 2014
Минијатурниот стан од само 34 квадрати може да се претвори во пријатно место за живот, благодарение на неколку современи идеи и снаодливи одлуки.
Водејќи се по овие правила, малечкиот стан во близина на Стокхолм е уреден во скандинавски стил, со употреба на дрвени материјали и нијанси, едноставни линии и ненаметливи детали.
Целиот план бил осмислен така што спалната го има главниот збор во ентериерот, па затоа е сместена во централниот дел, одделена само со ѕид од стакло.
Дневната, трпезаријата и кујната не се физички одделени, па токму затоа неутралните тонови се преплетуваат во една прекрасна целина.
Белите ѕидови, беспрекорно белиот ламинат и големите прозори го осветлуваат и освежуваат просторот, заради што се создава илузија на двојно поголем простор.
Ако за момент се посомневавте дека комфорот е изводлив во само 34 метри квадратни, овој стан ќе ве убеди во спротивното: