Животот во пентхаус 425 метри над Њујорк (фото)
- Детали
- петок, 17 октомври 2014
На висина од 425 метри, новиот пентхаус во срцето на Менхетен е олицетворение на луксузниот кој може да си го дозволат само мал дел од луѓето.
432 Park Avenue е новата адреса која ја сите ја сонуваат. На врвот на облакодерот висок речиси 450 метри, се наоѓа пентхаусот со фантастичен поглед кон Атлантскиот Океан.
Домот вреден 95 милиони долари содржи повеќе дневни, спални соби, кујни, трпезарии и бањи со спектакуларен поглед над Њујорк.
Секоја просторија е уредена со вкус, елеганција и префинетост, ставајќи го акцентот врз строгите линии и неутрални бои.
Во зградата во која е сместен има и неколку приватни тераси, огромен базен, вински простории, детски игралишта и ресторан.
Пентхаусот ќе биде подготвен за живеење дури идната година, а до тогаш останува тајна кој ќе се буди со ваквиот поглед: