Во раскошниот дом на Џорџ Клуни и Амал Аламудин вреден 12 милиони долари
- Детали
- среда, 15 октомври 2014
Според пишувањето на светските медиуми, новиот брачен пар набрзо по венчавката станал сопственик на дворец од 17-ти век во вредност од 12 милиони долари.
Дворецот кој датира од 17-от век најверојатно ќе ја зачува својата старинска фасада и надворешност, додека ентериерот ќе биде потполно преуреден за потребите на новиот славен пар.
Куќата има 10 соби, 8 бањи, спа центар со базен, џакузи, сауна и приватна теретана.
На раскошниот имот се наоѓа и мала колиба, која служи како гостинска куќа со прекрасен поглед и приватна градина.
Покрај оваа куќа, парот има уште неколку вредни станови и вили, во кои спаѓаат вилата на брегот на Комо и калифорнискиот дом на Клуни во кој престојува додека е во Лос Анџелес.