Африканско село во кое секоја куќа е своевидна уметност
- Детали
- четврток, 02 октомври 2014
Изолирано и тргнато од очите на светот, со цел да ја зачуваат својата одлика и да ја заштитат традицијата, жителите на ова африканско село поседуваат уметност каква досега не сте виделе.
Олга Ставракис е блогерка која патува низ светот и нејзината цел билa токму ова мало и уникатно африканско село, Tiébélé.
Дури после една цела година преговори со тамошниот поглавар, таа добила дозвола да ја посети оваа прекрасна област.
Во селото, посетителите не смеат да носат црвена боја на себе, ниту пак им било дозволено да носат чадор, бидејќи тоа им е дозволено само на поглаварите.
Ова африканско село е своевидна кралска резиденција и е составено од мали градби изградени од кал и обоени со природни бои во различни теми.
Погледнете го прекрасното африканско село Tiébélé чии куќи претставуваат вистински уметнички градби: