Фантастично поткровје во срцето на Истанбул
- Детали
- вторник, 30 септември 2014
Сопственикот на ова совршено поткровје е маж кој сакал да живее во простор подреден по неговите потреби. Токму така, исполнувањето на желбите прераснало во уникатна реализација.
Поткровјето се протега на 180 метри квадратни, а по желба на сопственикот, како доминантен материјал е користено дрвото кое му дава посебен природен шмек и топлина.
Просторот нема балкон, па затоа архитектите решиле да ја пропуштат светлината низ големи прозорци и стаклени ѕидови, кои даваат чувство на свежина.
Во кујната доминира големиот камин и бетонската работна плотна која се трансформира во удобна маса.
Бетонот кој е користен во галеријата, тоалетот и спалната соба, му дава на целиот простор по малку индустриски шарм.
Токму индустрискиот начин на уредување, помешан со светлината и погледот кон срцето на Истанбул, е она што го двои овој простор од сите останати на светот.