Најубавата тераса во Париз (фото)
- Детали
- сабота, 13 септември 2014
Париз живее за прекрасно уредените тераси на кои се сместени малите барови и ресторани.
Една од најубавите е сопственост на хотелот Raphael, сместен на авенијата Kléber.
Терасата се наоѓа на седмиот кат од хотелот и овозможува незаборавно опуштање со чаша префинет шампањ и поглед кон Ајфеловата кула и шармантните париски кровови.
Прво што ќе забележите е беспрекорното зеленило, украсните грмушки кои се испреплетуваат со рози, кои во лето шират арома која опива.
Централната позиција ја зазема малечкиот шанк поставен на голема шаховска плоча, а околу него се распоредени малечките удобни маси и столчиња кои даваат голема доза на топлина.
Додека времето е убаво, терасата е целосно отворена, а на неа се служат врвни специјалитети на француски начин.
Кој би одолеал?