Првиот музички хотел во Европа: Топло „добредојде“ со најпознатите стихови (фото)
- Детали
- среда, 10 септември 2014
Доколку сте зависни вљубеници во музиката и на секој чекор забележувате зборови или стихови од некоја песна, постојано си потпевнувате, тогаш овој хотел е вистинско уживање за вас.
Во Берлин се наоѓа хотел инспириран од Universal Music и зградата на MTV. Неговото име е „Nhow Berlin“ и во својот водич и приказ содржи најразлични песни од класични до најсовремени. Текстовите на песните се наоѓаат по ѕидовите на хотелот.
Соодветно на она што се претставува има и соодветен стих од одредена песна. Според тоа на влезот на хотелот е поставено чергиче за „Добредојде“ со наслов од песната на Guns and Roses „Welcome to the jungle“, на ѕвончето на рецепција е испишан насловот на песната „Ring my bell“ и на секое друго место на кое може да се поврзе со некој стих е напишан насловот, изведувачот и годината на објавување на песната.
Вистинско задоволство за познавачите и уживателите на музиката.
Погледнете ги оригиналните катчиња во музичкиот хотел: