Ова е најскапиот пентхаус во светот
- Детали
- петок, 05 септември 2014
Иако уште не е довршен, овој пентхаус во Монако веќе ја доби титулата за најскапиот апартман на светот.
Цената на овој апартман од 3250 метри квадратни ќе почне од 4 милиони евра, а ќе биде распространет на дури 5 ката, со прекрасен поглед кон брегот.
Сместен на врвот од облакодерот Odeon Tower, овој апартман ги руши сите рекорди, а облакодерот ќе биде највисоката зграда изградена од 1980 година.
Концептот за целосниот изглед го развил архитектот Александар Гиралди, а ќе се состои од 70 станови, а секој стан ќе има поглед од 360 степени кон градот.
Овој луксуз нема да биде тежок за продавање, со оглед на фактот дека 30% од граѓаните имаат милиони па сметките.
Разгледајте го најскапиот пентхаус на светот: