Совршена резиденција на брегот на Чиле (фото)
- Детали
- понеделник, 01 септември 2014
Куќата за која сите сонуваат се наоѓа во планинскиот предел, на самиот брег во Чиле.
Casa Till е домот на млад брачен пар кој посакал мало, удобно, летно скривалиште.
Овој еколошки дом од дрво нуди феноменален поглед кон водениот хоризонт од огромна висина, така што сите соби се насочени кон океанот.
Покрај тоа, сончевата светлина додава пространост на домот во кој изгревањето и заоѓањето на сонцето е вистинска атракција.
Ентериерот на домот е комбинација од бели површини и дрвени подови, надополнети со големи стаклени ѕидови.
Самата конструкција е во облик на коцка, а минимализмот се гледа уште од самата надворешност.
Овде дефинитивно сите би ги поминале последните топлите денови - сонувајќи...