Неверојатниот луксузен аеродром во Сингапур (фото)
- Детали
- четврток, 21 август 2014
Аеродромот Changi во Сингапур е прогласен за најдобар аеродром во светот. Наскоро ќе биде уште подобар, благодарение на т.н. „Lifestyle destinations“ техника која треба да поврзе три терминали на овој комплекс.
Станува збор за проектот „Јewel“ кој треба да го прошири овој комплекс со градини, продавници и хотелски комплекс.
Дизајниран е од страна на архитектот Моше Сафдиј кој го има проектирано хотелскиот комплекс „Marina Bay Sands“.
Комплексот „Jewel“ ќе биде изграден од челик и стакло, а ќе има облик на крофна.
Тематски ќе биде уреден на пет реони и ќе се простира на повеќе од 130.000 метри квадратни.
Реконструкцијата чини 1.47 милијарди долари и ќе биде завршена до 2018. година.
Погледнете како изгледа моментално најдобриот аеродром во светот: