5 најдобри ресторани под отворено небо

Од дивините, па се до центарот на самиот град, нема подобро чувство од опуштена вечера под ѕвезди.

5-najdobri-restorani-pod-otvoreno-nebo-01

Наједноставната вечера станува многу подобра ако атмосферата ја надополнува ѕвезденото небо, нежното ветре и погледот кон бесконечноста, баш како во овие 5 светски ресторани:

The Cliff at Cap, Сент Лусија

Овој ресторан со поглед на Карипското море веќе беше прогласен за најбараниот ресторан во оваа област. Се наоѓа на раб на карпа која нуди поглед кон бесконечноста на водената површина. Со мешавина на современата француска и карипска кујна, ова е доживување кое го одзема здивот.

5-najdobri-restorani-pod-otvoreno-nebo-1.jpg



Flames of the Forest, Австралија

Овој бар се наоѓа во прашума, оддалечен од цивилизацијата. Тука сите посетители се добро скриени, под голем шатор на кој е импровизирано ѕвездено небо од светилки. Во понудата на овој ресторан влегуваат и неколку специјалитети како што се месо од крокодил и ној, ракови и риби, па се до тропско овошје и свеж зеленчук од целиот свет.

5-najdobri-restorani-pod-otvoreno-nebo-2.jpg



Sanctuary, Замбија

Малку подигнат од земјата, овој ресторан се наоѓа во националниот парк South Luangwa, со поглед на савана. Поделен е на 7 шатори од кои секој има сопствена тераса, на која можете да го следите движењето на животните додека уживате во врвни специјалитети.



Sirocco, Банкок

Еден од култните ресторани во Банкок се наоѓа на 63-от кат, на висок облакодер со поглед на раздвижениот град. Тука можете да уживате во опуштените звукови на џезот, додека шефот на кујната ви подготвува медитерански специјалитети.

5-najdobri-restorani-pod-otvoreno-nebo4.jpg



Embers, Јужноафриканска Република

Овој ресторан со 5 ѕвезди нуди вкусови од цела јужна Африка, со незаборавен поглед кон околните карпести предели. Главна атракција е оганот околу кои се поставени сите маси, додека менито се темели на автентична храна од оваа област.

Би можело да ве интересира:

На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...
Не е Лапонија, Скопје е – Иглу сместување среде дивина со поглед на Езерото Козјак (фото) Спална со кревет под ѕвездите, прво утринско кафе среде дивина, па дури и тушира...
Во домот на Ангела во Скопје: Светли бои и винтиџ бебешко креветче кое го користел и нејзиниот сопру... „Детската соба за ќерката ја уредувавме сами, во време на короната - еден д...
Во домот на Марија и Сашо во Кавадарци: Стан од 75m2, со многу саксиски цвеќиња, кој од корен го пре... „Неисполнетата желба за прозорци без завеси и поглед од високо, ја компензираме ...
Најубавиот ресторан над Которскиот Залив – се стига со жичница, има неверојатен поглед На планината Ловќен над Котор, се наоѓа најубавиот ресторан со магичен поглед ко...
Во домот на Марија и Никола во Скопје: Стан во скандинавски стил со рачно изработени елементи и мура... „Кујната, спалната и детската соба, како и ТВ-комодата, па и елементите во ходни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg