Ѕирнете во магичниот рај на еден карипски хотел (фото)
- Детали
- сабота, 06 септември 2014
Ако сакате да доживеете љубов на прв поглед која нема да ве разочара до самиот крај, тогаш ѕирнете во овој карипски хотел и нема да сакате да си заминете.
Еден од најпознатите и најлуксузните карипски хотели е Montepelier Plantation & Beach. Омилената дестинација за бројни гости, овој карипски хотел воодушевува со своето автентично уредување и стилската убавина.
Од мозаични базени, тениски терени, три врвни ресторани во кои може да ги јадете најдобрите карипски специјалитети и приватните плажи, Montepelier Plantation & Beach е место кое е предодредено за луксузно уживање.
Овдешните гости може да уживаат и во специјалната дегустација на славниот карипски рум стар и до 300 години.
Дегустацијата ја овозможува ценетиот познавач на румот, Марк Терон, кој на гостите им презентира 6 различни видови стар рум.
Во овој хотел богатата карипска историја и дух се нешто неодоливо во неговата понуда. Тоа многу добро го препознале неговите сопственици па направиле навистина да почувствувате како да сте во некое друго време.