Оваа палата е доказ дека вкусот не се купува со пари
- Детали
- петок, 01 август 2014
Петра Еклстон, ќерката на Берни Еклстон, купи куќа во Холивуд која се протега на 5,200 метри квадратни, за цели 50 милиони долари.
Куќата ја купила во 2011 година, а реновирањето кое траело 9 недели чинело 15 милиони долари. Сега, оваа палата се наоѓа на продажба за 88 милиони.
Во внатрешноста на домот се гледа неуспешната замисла за луксуз и раскош. Посакувајќи овој дом да го претвори во дворец, сега тој изгледа пренатрупано и драматично.
Од под со бел мермер и црни ленти, преку огромен гардеробер натрупан со брендирана облека, па сè до фризерски салон со столици за педикир и маникир, оваа куќа е уредувана со мотото „имам и можам.“
Палатата има 123 соби, сите подеднакво луксузни, изградени и уредени во стилот на француските замоци.
Разгледајте и сами проценете дали овој кич вреди речиси 90 милиони долари: