Вака изгледа животот во најскапиот стан во Менхетен (фото)
- Детали
- среда, 25 јуни 2014
Њујорк е познат по својата недостижност – становите се скапи, тешко е да се дојде до посакуваната локација, а добро поминуваат само оние кои имаат на располагање стотици милиони долари. За нив, Њујорк е игралиште во кое натпреварот за полуксузен живот никогаш не запира.
Прво место во тој натпревар дефинитивно ќе го освои оној кој ќе издвои цели 118 милиони долари и ќе ги купи овие 3 стана кои неодамна се огласени за продажба.
Становите се продаваат исклучиво како една целина која се протега на 2 ката и неколку стотици метри квадратни.
А, во нив само луксуз - позлатен мебел, врвна технологија, отворен поглед од секоја соба и атмосфера која може само да ја сонуваме.