Инспирирајте се од прекрасниот дом на Никол Ричи
- Детали
- понеделник, 02 јуни 2014
Никол Ричи, американската модна дизајнерка, актерка, водителка и ќерка на пејачот Лајонел Ричи, го стави на продажба својот прекрасен холивудски дом.
Никол е позната по својот префинет вкус и смислата за стил во кој редовно комбинира бохо креации, па така, од својот талент за мода направила одлично уреден дом.
Својата смисла за префинетост лесно ја пренела и во домот кој се наоѓа во северниот дел на Лос Анџелес.
Вилата во холивудските брда е инспирирана од шпанската архитектура и во неа преовладуваат песочните нијанси и природните материјали.
Зошто Никол ја ставила на продажба оваа извонредна вила се уште не е познато, но ова е одлична шанса да го разгледате нејзиниот прекрасен дом: