Хотел изграден од сол ќе ве освои со уникатноста и удобноста
- Детали
- недела, 01 јуни 2014
Хотелот „Palacio de Sаl“ во Боливија е изграден од 1 милион тули од сол со дебелина од 35 cm. Можете ли да замислите дека се наоѓате во хотел каде буквално сè е од сол? Почнувајќи од ѕидовите, подот и плафонот, па сè до мебелот.
Сепак тој е луксузно и модерно опремен и погоден за вистинско уживање. На стилски и софистициран начин е уредена секоја просторија и секое катче.
Овој ресорт има 16 соби, голема дневна соба и бар кои исто така се направени од сол.
Менито кое се нуди се подразбира дека е солено. Покрај тоа, може да уживате во забавните соби за дружење и играње билјард или да уживате во некоја од солените бањи.
Здраво, удобно и модерно место за релаксација.