Навидум обичниот дворец во Малибу крие ентериер од соништата
- Детали
- среда, 28 мај 2014
Доколку некогаш отпатувате за Малибу и рано изутрина решите да ја разгледате целата област, ќе здогледате огромна куќа.
Оваа куќа на прв поглед изгледа неинтересно и без забава, но на втор поглед таа станува центарот на забавниот живот.
Огромниот милионски дворец во Малибу во себе крие простории преполни забава како сопствена куглана, винарија, базен и беспрекорен поглед кон Пацификот и планините Санта Моника.
Овој дворец е уште наречен домот на Бетмен, бидејќи вие буквално живеете како овој добро познат јунак од филмовите и цртаните.
Можеби ќе го немате „бетмобилот” или акцентот на големиот шармер Мајкл Кејн, но ќе добиете простории кои се лоцирани во подземјето до кои се доаѓа преку посебен скриен влез.
Овој дворец во моментот е во продажба и може да биде ваш за неверојатни $24,95 милиони долари.